По повод писмото на ОК ВМРО ДПМНЕ во врска со обраќањето на градоначалникот Александар Петрески по повод патрониот празник на градот-Св. Климент Охридски со реакција се јави Локалната самоуправа. Во реакцијата се вели:

„Додека Охрид, градот на Климента веќе трет ден го чествува својот Патрон, некои сограѓани, не можејќи да се ослободат од партиското слепило, се „приклучуваат“ во празнувањето на ним својствен начин: со соопштенија до јавноста во кои го повторуваат единственото што го научиле а тоа е да омаловажуваат и плукаат по се’ она што некој друг го остварил за доброто на Охрид и неговите граѓани.

Истите тие, повикувајќи се на „свет ден“ кој судејќи по вокабуларот, за нив е најмалку СВЕТ, ни трошка доблест немаат да го кажат тоа што го вели и (толку навредуваниот од нивна страна ) градоначалникот Петрески дека треба да не исполнува духот на Климента и да создаваме заа доброто на Охрид…

Очевидно е, дека за нив кутрите, празнувањето служи за теснопартиски состанчења, анализи и јавни вербални нискости. Тамам помисливме дека вчера, на  нивните самоорганизирани средби со граѓаните ги слушаа маките на народот, тие си ја кажуваат сопствената мака: Како да ја земат власта во Охрид.

Месец март им е некако предалеку. За  замена, дотогаш, само се закануваат со тоа  „до март“. Единствено за тоа „живеат“ и го „сакаат“ Охрид. Затоа и не забележуваат дека се слави Денот на Свети Климент-Патронот на градот.“ се вели во реакцијата на Општина Охрид

ohridnews