„Обвинувњата на адреса на Градоначалникот и локалната власт што ги изнесе охридската ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение по повод откажувањето на свечената седница на Советот на општината, најмалку се „експресна реакција“, а најмногу: јавно изнесен и повторен, по кој знае кој пат, анимозитет кон човекот кој ја доби довербата на граѓаните на единствено признат демократски начин – победа на локалните избори.
Лицемерието на опозициската партија во Советот и овој пат избива на виделина кога ја посочува гордоста на охриѓани, но заборава, притоа, на сопственото немање достоинство. А, токму тоа е навреда за охриѓани.
Токму отсуството на достоинство кај раководството на охридската ВМРО-ДПМНЕ може да се посочи како генератор на проблемите со кои се соочуваат граѓаните имајки го предвид неговиот нихилистички и потценувачки однос кон се’ што се презема од страна на актуелната локална власт како и опструкциите на советничкта група која на седниците на Советот знае однапред да гласа „воздржано“ или „против“ без намера и барем малку напор да учествува во демократска расправа со силата на аргументите.
Обвинувањето за тоа дека локалната власт го одбележа Патронатот градот како што го одбележа заради тоа што Денот на Свети Климент е државен празник, а локалната власт има анимозитетот кон се’ што е државно – е мисловна конструкција што може да се роди единствено во главите на горди,но без достоинство вмро-вци.
Да не, евентуално, во охридскиот огранок на владеачката партија сметаат дека Свети Климент Охридски треба да се обои портокалово само затоа што владата на ВМРО-ДПМНЕ го востанови за државен празник пред две години денот кој Охрид го одбележува како свој празник веке 17 години ?
Оттука, не ќе е зачудувачки, доколку од нивните подржавени партиски кујни не излезе наскоро и обвинувањето дека заради немање капацитет на локалната самоуправа и Грдоначалникот на Охрид, државата Македонија не доби датум за отпочнување преговори за влез во ЕУ !“ – стои во реакцијата на Кабинетот на градоначалникот.