Се погласни се реакциите на граѓаните на начинот на кој се одвива процесот на вадење документи за лична идентификација или патни исправи. Деновиве до нашата редакција пристигнуваат писма на незадоволни граѓани, но и конкретни предлози до надлежните за надминување на проблемот кој создаде многу турканици и нервози:

Да се надоврзам на читателката Верче во однос на процесот на барање/издавање лична карта.

Закажано си имав еден ден, декември месец, си тргнав од сабајлечки да си свршам работа порано, и нормално и други луѓе си чекаа внатре. После неколку муабети открив во која соба всушност се одвива тој комплициран процес. И си чекам јас така, чекам, и едно време викам дај да прашам, има ли некој систем на ред или бројче или азбучен ред или некој четрврти систем, да знам кога ке завршам работа, заради тоа што после пола час чекање никој не излезе не ни влезе во собата, иако беше работно време. И едно време излезе чичко полицаец од внатре и се обрати на народот:

ДАЈТЕ ГИ КАРТИТЕ ВАМУ !!!

Кој даде даде, кој недаде кој му е крив, луѓево се туркаат ко да делат златни прачки внатре, стари бабички автоматски се змечкани меѓу толпата, на едната и падна личната карта па некој ја изгази, се слушаат лелеци, пискотници и си велам јас ова реално е или филм гледам !?!?

Добро на крај и јас му ја дадов мојата лична тетратка на чичко полицаец, и си чекам…. после 15/тина минути излезе чичко полицаец и по име и презиме ги читаше личните карти, дојде и до мојата и ми рече:

ТИ ЌЕ СИ ДОЈШ ПОСЛЕ МАЈ !!!!

Му кажувам дека јас денес имам закажано, и тој културно ми возврати:

ШО ДА ТИ ПРАМ !!!

Побарав објаснување и дознев дека заради пролонгираниот рок сега ги примале тие лични тетратки кои што веќе биле истечени / односно со поминат рок на траење.

Не бев само јас, имаше повеќе луѓе кои не живеат во Охрид, дошле стари луѓе по ладно зимско време со автобуси, прават трошок непотребен.

И го прашувам чичко полицаец што да правам ако не можам да дојдам во мај (заради моите студии во странство) и пак културно ми возврати:

ТВОЈ ПРОБЛЕМ !!!

Е вака сега, мој проблем ќе биде кога заради моја негрижа или незнаење ќе настане нешто, за кое ќе одговарам јас.

Прво и основно:

1. Дали е ТОЛКУ ТЕШКО да се направи систем на чекање на ред со бројче?????

позитивни работи од воведување:

 – ред
 – помалку гужва
 – зголемена ефикасност
 – зголемено задоволство и кај вработените и кај клиентите

негативни работи од воведување:

– зголемена потрошувачка на хартија и боја за пешатење на редните броеви 🙂

Второ и основно:

Тоа ви е ваша работа, ваша професија, платите ваши се од парите кој што јас и останатите ги плаќаме како данок на државава, како трето работење без никаква професионална етика и како четврто без никаква човечка почит.

Па нека размислат

со почит ваш редовен читач