– Како ретко кој медиум во поширокиот регион, а можеби и на ниво на Македонија, доследно се спротивставувате на се позачестениот наплив на тривијални афери и интереси на неформални лоби групи. Признанието што ви е доделено истовремено е поттик и рецепт за останатите медиуми за негување на вистинските вредности во локалната заедница и воопшто во општеството преку информирањето и медиумите, се вели во честитката на градоначалникот Александар Петрески и на портпаролот на општина Охрид, Никола Маневски. Кон честитките се придружија и други институции, читатели, граѓани:
– Искрено, Ви честитаме за заслуженото високо признание и Ве охрабруваме да продолжите со професионалната работа за навремено и точно информирање на јавноста, се вели во честитката на Црвен крст Охрид.
– Оваа награда е дотолку поголема што, Ohridnews, Признанието го добива во избор на сто граѓански здруженија од Република Македонија. Значајното признание е уште една потврда за докажаната професионалнот и отвореност на Ohridnews, темелени на основните принципи за објективност и непристрасност во информирањето но и врз почитувањето на вистинските вредности на нашето општество, стои во честитката портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.