Со триумф на Александар Стојаноски во севкупен пласман заврши 37-то издание на Илинденскиот пливачки маратон. Сите 52 пливачи кои се пријавија на стартот ја завршија трката која почнува кај хотел Парк, а завршува на Градското пристаниште.
– Моите досегашни победи и искуството ми овозможија рутински да триумфирам на денешната трка и без пратечко кајче. Имам ориентација и добро ја познавам патеката што се покажа како предност за мене на маратонот. Следниот предизвик за мене се меѓународните натпревари и подготовка за Олимпијдата за глуви лица што ќе се одржи во Турција 2017 година. – рече севкупниот победник Андреј Стојаноски.
– Ова е мое трето учество, а прв победувам. Минатата година во моето второ учество се закитив со бронзениот медал, а токму тоа ми беше мотивот за победата во Охрид. Водата беше мирна, немаше струи и непријатности, а можам слободно да кажам дека добро го познавам Охридското езеро. – изјави Стефани Тримчевска, победничка во женска сениорска конкуренција.
– Многу сум среќен бидејќи во моето прво учество успеам да победам во мојата конкуренција. Ова за мене беше нешто ново, затоа што до сега учествував само на трки во базен. Ќе продолжам да пливам во базен, но ќе тренирам и ќе пробам да се натпреварувам на маратоните во природни води. – потенцираше победникот во машката јуниорска конкуренција, Андреј Стојаноски.
Андреј Стојаноски и Стефани Тримчевска победници на 37-от Илиндески пливачки маратон
Мх.П.