Охриѓани запишаа нови бодови на табелата во Супер лигата победувајќи го составот на Радовиш пред своите гледачи со убелдиви 35-26.
Гостите само на стартот се заканаа, а остатокот од мечот комплетно им припадна на ракометарите на Охрид кои со триумф се простија од охридската публика.
Крсте Андоновски (Р.К. Охрид) – Кога ќе се сумира се одигравме супер натпревар. Не бевме на потребното ниво во одбраната, но сите недостатоци ги покривавме со погодоци. Победата над Радовиш и ја посветуваме на охридската публика која е нашата најголема поддршка.
Владимир Глигоров (Р.К. Радовиш) – Разликата во квалитет излезе на виделина уште на стартот од мечот. Сакам од срце да им честитам на охридските ракометари и да им посакам среќа во плејофот бидејќи го заслужуваат тоа. Нас ни преостанува макотрпна работа и борба во продолжението од шампионатот.
Горан Андоновски (Р.К. Охрид) – Со победата над Радовиш на најдобар можен начин ја заокруживме полусезоната на домашен терен. Исто така со овој триумф ги резрешивме сите дилеми околу пласманот во плејофот иако математички уште не сме учесници. За продолжението од сезоната ќе ни требаат уште подобри зимски подготовки за да можиме добро да им се спротиставиме на екипите кои допрваа ќе гостуваат во Охрид.
„Гладијаторите“ со стил се простија од охридската публика
Фото : Емилио
Мх.П.