Ракометниот клуб Охрид впиша нови бодови на суперлигашкото конто откако пред своите гледачи го совлада Работнички (24-20) во дербито во 10-та рунда. Со овој триумф охриѓани го „турнаа“ Работнички на третата позиција во елитата.

Горан Андоновски (Р.К. Охрид) – Моите играчи не се „гладијатори“ туку тие се храбри момци кои буквално изгинаа на теренот за охридскиот дрес. Полека, за она што го посакував по завршување на играчката кариера ми се остварува да го направам Охрид стабилен и респектабилен суперлигаш. Имам голема замерка за охриѓани кои фудбалските дерби натпревари ги ставија пред нас и не дојдоа да не бодрат во „Билјанини Извори“. Според резултатот, а пред се играта сами ќе сфатат што пропуштиле и се надевам дека нема да ги повторат грешките. 


Андон Бошкоски (Р.К. Работнички) – Најпрво да им честитам на домашната екипа за заслужената победа. Сите очекувавме ваков натпревар со неизвесна завршница. Поголем дел од играта на мојата екипа не ми се допаѓаше особено во нападот. Поразот мотивирачки треба да влијае на нас да не играме вакви мечеви повторно. Мал дел од вината за поразот ја гледам во паузата поради репрезентацијата бидејќи ракометари се повозрасни и „закочија“ по оној ритам кој го имавме фатено.

Елдин Вражалица (Р.К. Охрид) – Мене, а се надевам и на сите останати ракометари ме пече поразот од првиот натпревар. Во подготовките за овој натпревар цело време во главата ми се вртеше тој меч и поразот. Ние игравме одлучно и покрај дискутабилните одлуки на судиите кои одеа во нивни прилог. На теренот преточивме се што ни рече нашиот тренер, а победата пред охридската публика и „Рибарите“ ни е најмила.

Малик Хогас (Р.К. Охрид) – Одигравме тимски на едно високо ниво. Во одбраната не им дозволувавме лесни голови, а нападот констатно погодуваше. Ја контролиравме играта во текот на целиот натпревар и овој триумф им го посветувам на „Рибарите“ и охридската публика. 

„Гладијаторски“ триумф на Охрид против Работнички 

Фото : Емилио

Мх.П.