Измешани емоции на крајот на актерите на езерската пресметка која им припадна на струшките ракометари. Стружани “маршираат“ кон целта, суперлига, додека за охридскиот состав остануваат шансата да ја бараат во наредните мечеви.


Крсте Андоновски (Р.K. Охрид) : Домaќините направија предност на средината на првото полувреме, на вториот дел успеавме да се доближиме на минус четири, но направивме грешка при измената ни го одзедоа нападот и не прекинаа во серијата,  од тогаш натака беше се потешко да ги стигнеме. Морам да истакнам дека стружани имаа добри подготовки, добро се подготвени и не одеше се најдобро за нас во нападот. Не очекуваат уште натпревари, ништо не е загубено ги пречекуваме стружани во Охрид, така што ќе се обидеме да им се реваншираме.


Атанас Поп Стефанија (Р.К. Охрид) : До средината на првиот дел имавме по коректен натпревар, а по исклучувањето на голманот Пецаков паднавме психички. Тогаш стружани направија разлика и успеаа до крајот на мечот да ја одржат. Овој пораз ќе го претрпиме машки и ќе продолжиме напорно да тренираме за да забележиме победи во наредните мечеви. Се добро се заврши на крајот, имам забелешка на организаторите бидејќи дел од навивачката група рибари останаа надвор од спортската сала.



Горан Андоновски (тренер Рк Охрид) : Нашите играчи добро го започнаа мечот, некои судиски одлуки влијаае во моментите кога се кршеше резултатот, поготово би го спомнал исклучувањето на Пецаков. На нашиот втор голман не му тргна, ја немавме неговата помош. Осетно беше и недостигот на крилото Трифуноски . Мирков добро изигра но ни фалеа головите на Трифуноски. Задоволен сум од играта на моите играчи кои во текот на целиот меч машки се бореа. Некогаш и ќе загубиш но залагањето беше на висико ниво до последениот атом,. Овој пораз не мора да значи ништо, ние ќе се обидеме на пролет да им се реваншираме на пролет во Охрид. Гледате дека амбиентот за игра е прекрасен и во Охрид и Струга, публиката скандираше “Македонија, Македонија“ нема што повеќе да посакаме од тоа. Едни спортски натпревари вака да се играат, посакувам в година и Струга и Охрид да играат во суперлигата.



Угриноски Науме (Претседател на Рк Струга) : Самиот резултат покажа дека сме подобри од екипата на Охрид. Нашиот тим подолго се подготвува уште од струшкиот турнир, нашата форма од ден на ден оди се погоре и погоре. По седум кола имаме 18 бода и нашата намера е да на крајот да завршиме како прво пласирани и да играме во Суперлигата. Финасиите го кројат нашиот план, према средствата кои ги имаме така и планираме, се надеваме дека в година кога ќе увидат дека ќе играме во Суперлигата тогаш и приватните сопственици ќе го одврзат ќесето. 



Никола Костевски (Рк Струга): Со многу желба и мотив играв денес. Лани не можев да играм бев повреден, но ете денеска успеав да надохнадам Се надевеме на многу победи до крајот на сезоната и очекувам како прво пласирани да ја минеме целта.


Коцаревски Ѓорѓи (тренер на Рк Струга) : Очекував победа, мислам дека за дома сме поквалитетни, јас ги гледав охриѓани во минатото коло, се подготвивме доволно добро за да славиме. Малку се плашев од амбиентот кој се прави на ова дерби, и да не потклекнеме. Имаме шест победи во седум кола планот на управата е да се обезбеди пласман во суперлигата. До колку продолжиме вака амбициозно ќе завршиме први на табелата.

М.П.