Ракометарите на Охрид ја осигураа вицешампионската позиција на табелата во есенската полусезона победувајќи го Вардар Јуниор пред своите гледачи со 23-18.


Горан Андоновски (Р.К. Охрид) – Сакам да им се заблогадарам на „Рибарите“ и охридската публика кои одиграа клучна улога во триумфот против Вардар Јуниор. Во моментите кога не ни одеше и немавме начин да го пробиеме бедемот, нивната поддршка си го направи своето. Ни ја кренаа самодовербата, погодивме два три напади во серија, што на крајот се покажаа одлучувачки. Исто сакам да ги пофалам моите ракометари кои изгинаа на терен и уште еднаш покажаа дека играат со срце за боите на клубот.


Пепи Манасков (Р.К. Вардар Јуниор) – Од се срце сакам да му честитам на Охрид за победата и играта со срце во текот на целиот натпревар. Имам голема замерка околу судењето кое ниту во еден момент не одеше во наша полза. Од самиот почеток ја изгубивме контролата на играта што домашните ракометари не добро туку одлично ја искористеа. Во две ситуации имавме шанса да „прекршиме“ натпреварот, но техничките греши, неискуството или пак неспретноста во тие мигови не чинеа губење на водството, а подоцна и пораз.


Кирил Колев (Р.К. Охрид) – Очекував дека овој меч ќе биде еден потешките пред се на психолошки план бидејќи тимот на Вардар е составен од многу квалитетни и перспективни ракометари. Со триумфот на Вардар ја заокруживме успешно првата полусезоната со седум победи во девет мечеви. Што се однесува до моите одбрани, секогаш ми се мили и драги кога Охрид ќе победи. Кога голман има 12 и повеќе интервенции екипата треба да победи, пак ќе речам мило ми е што е така и продолжуваме понатаму. На дербито со Работнички очекувам повеќе публика да им врати на спортски начин за поразот од првата полусезона.

Сино-бела рапсодија во „Билјанини Извори“

Фото : Емилио
Мх.П.