Составот на Охрид прокнижи нови три бодови на табелата во Супер лигата, откако на домашен терен го совлада Вардар Јуниор со 31-24.„Гладијаторите“ во целост ја оправдаа улогата фаворит, доминирајќи од првата до последната минута на теренот.
Марко Кобетиќ (Охрид) – Мечот го отворивме ефикасно во напад и агресивно во одбрана, на што нашиот противник немеше одговор. Од минута во минута растеше разликата на семафорот и во целост ја оправдавме улогата на фаворит. Сепак, Вардар Јуниор не е наивен противник има млад и неискусен ростер кој сака да се надигрува.
Стојан Петрушевски (Вардар Јуниор) – На мечот со Охрид сакав да ја изротирам екипата и да им пружам шанса на ракометарите кои имаат помала минутажа. Тимот на Охрид кој има искусни ракометари во својот состав максимално го искористи тоа и уште од самиот старт направи разлика која си ја зачува до крајот.
Горан Андоновски (Охрид) – Решително влеговме во мечот и веднаш ставивме до знаење дека нашиот противник нема што да бара во Охрид. Надмоќноста во квалитет ја покажавме на теренот и заслужено ги освоивме бодовите пред нашите гледачи. Во мечот со Вардар успеавме да го одмориме Адамовиќ кој не беше 100% подготвен и им дадовме прилика на младинците кои потекнуваат од нашата школа.
Вардар Јуниор лесен залак за охридските „гладијатори“
OhridNews