Македонскиот првак Вардар со триумф во Охрид против истоимената екипа ја започна одбраната на шампионската титула во Супер лигата. „Црвено црните“ во финишот од првиот дел го скршија отпорот на домаќините, а во второто полувреме рутински ја одработија задачата.


Раул Гонзалес Гутириез (Р.К. Вардар) – Публиката на почетокот на мечот можам да кажам дека вистина не поремети. Охрид покажа доста квалитет и јас сум пријатно изненаден. Ние почнавме лошо многу лошо, а тоа домаќините ги искористија максимално. Додека се вратија играчите со мислите на овој меч имавме проблеми со Охрид, но потоа беше се рутина.


Горан Андоновски (Р.К. Охрид) – Вардар играше комплетен и без штедење против нас. Не верувам дека некој освен Металург ќе му се спротистави повеќе на Вардар во плејофот. Моите ракометари изгинаа на теренот, нормално е да се греши против Вардар, но покажавме дека не случајно се пласиравме на втората позиција во регуларниот дел од Супер лигата.

Елдин Вражалица (Р.К. Охрид) – Со нашето ангажирање и играње без респект кон Вардар пред охридската публика покажавме колку вредиме. Цела година играме на едно високо ниво и мислам така го одигравме и мечот со Вардар.

Петар Ангелов (Р.К. Вардар) – Честитки за Охрид која има направено добра можам слободно да кажам и солидна екипа за нашето првенство. Ние овој меч го искористивме за што подобро да се подготвиме за двомечот со Веспрем кој не очекува во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони. Многу ми е мило кога гледа полна сала, навивачи желни за игра и победа и само така треба Охрид да продолжи. Им благодарам за почитта и посакана среќа на охриѓани. Со пласман на фајнлфор турнирот во Келн нема да добиеме само ние играчите и клубот туку и целиот ракомет во нашата земја. 


Јосип Кежиќ (Р.К. Охрид) – Секој пораз е лекција, а кога ќе изгубиш од Вардар имаш многу што да научиш. И на мечот со „црвено црните“ покажавме дека имаме срце за играње, квалитет и оти можеме. Победа не очекувавме од овој меч, но и претходно реков дека не треба да се посрамотиме и го направивме тоа.

Охрид изгуби од Вардар, но не се посрамоти

Фото: Охридска порака за Вардар

Фото: Емилио 
Мх.П.