Во натпреварот кој го одбележаа домашните навивачи „Рибари“, гостинскиот состав на Прилеп ги освои бодовите совладувајќи го Охрид со 23-20. Поразот на ракометарите на Охрид не ги фрли во сенка навивачите кои добија пофални зборови од актерите на мечот.

Златко Мојсоски (Р.К. Прилеп) – Од се срце им честитам на „Рибарите“ за јубилејот. Од нив носам добри спомени бидејќи и мене лично некогаш ми биле ветар во грбот. Атмосферата во Охрид треба да биде патоказ за сите на натпреварите во Супер лигата. – Не добро, туку одлично го простудиравме Охрид и знаевме од каде доаѓа најголема опасност. Грешките од првиот меч, кој заврши без победник не ги повторивме и со малку среќа успеавме да ги освоиме бодовите во Охрид.

Кирил Пецаков (Р.К. Охрид) – Многу ми е криво што не успеавме да ги израдуваме нашите „Рибари“ кои на мечот го прославија сребрениот јубилеј. Со нив функционираме како пријатели во овие изминати четири години и секогаш си помагаме едни на други. Во текот на мечот направивме несватливи грешки во нападот промашувајќи зицери и неколку технички грешки. Никогаш немаме вака играно на домашен терен. Истите работи ни се повторуваат три натпревари по ред што е одраз на притисокот кои играчите го чувствуваат на домашен терен.

Ице Соколовски (Р.К. Прилеп) – Охриѓани си останаа на зборот даден на првиот меч меѓу нас сезонава дека ќе не пречекаат домаќински. Јас како тренер на екипата им сум бескрајно благодарен што ни пружија можности за врвен ракомет. Исто така сакам да им се заблогарам на домашните навивачи и воедно да им го честитам јубилејот бидејќи покажаа како е да се биде искрен навивач на еден клуб.

Горан Андоновски (Р.К. Охрид) – Им должиме големо извини на „Рибарите“ за поразот од Прилеп. Им благодарам за транспарентот, кој го истакнаа во моја чест. Секогаш кога ми е тешко на клупата ги погледнувам „Рибарите“ на трибините и одново ми се враќа вербата во мојот тим. Цела недела напорно тренираме во напад и одново ги правиме истите грешки кои не чинат бодови пред своите гледачи.

Фото : Емилио

Мх.П.