Охридските ракометари прокнижија нови три бодови на суперлигашката табела откако на домашен терен со убедливи 30-22 го совладаа тимот на Прилеп.


Охриѓани со триумфот во дербито на колото покажаа дека имаат зрел тим за остварување на амбициите за пласман во плејофот.

Горан Печенковски (РК Охрид) – Резултатот на семафарот не значи дека натпреварот беше лесен. Во текот на целиот натпревар знаевме што играме и посакуваме и силно се боревме за тоа. Од натпревар во натпревар се подобруваме во нападот додека одбрана се држи на едно многу високо ниво. Со нашиот максимум кој го даваме на теренот ние го пополнуваме недостатокот на Мите Караиванов во екипата.

Томче Петровски (РК Прилеп) – Поразот е составен дел од спортот, но не очекував дека ќе изгубиме вака убедливо. Ја сакавме победата, трениравме цела недела, но Охрид покажа повеќе желба и квалитетот и сосема заслужено не победија. Пробав на полувремето да им кажам на моите ракометари дека можат, но падот на концетрацијата во нападот ни чинеше пораз кој мора брзо да го забораваиме.

Горан Андоновски (РК Охрид) – Покажавме маестрална игра во одбрана и напад, а успеавме и да постигнеме неколку атрактивни погодоци како награда за публиката која доаѓа констатно да не бодри. Петти меч играме без нашиот најдобар играч Караиванов, но со мал ростер покажуваме дека имаме квалитет. Во најбрз можен рок мора да доведеме уште еден играч на бековската позиција која ни е тенка во овој момент. Следниот викенд не очекува дуел со Тинекс Пролет на кој одиме на победа.

Јосип Кежиќ (РК Охрид) : Во целина одигравме онака како што се договоривме пред почетокот на натпреварот. Имавме пад во вториот дел од првото полувреме, но не стигна малу заморот од брзото темпо кое ние сами го наметнавме. Сакам да им се заблогадарам на „Рибарите“ и на охриѓани кои издвојуваат време и доаѓаат да не бодрат од трибините, а се надевам дека тие се задоволни од нашите престави. Цепелинот со Хогас го воигруваме од самиот старт на тренинзите и имаме уште неколу такви акции кои ги чуваме за понатамошните натпревари.

„Гладијаторите“ го декласираа Прилеп

Ohridnews