Охридските ракометари го „чекираа“ билетот за завршницата од Купот на Македонија откако триумфираа на четвртфиналниот турнир во „Билјанини Извори“. „Гладијаторите“ во финалето го совладаа Прилеп со 35-32, а меч претходно славеа против Тинекс Пролет.


Горан Андоновски – Прилеп не само што проба туку и го искористи нашиот умор од средбата со Тинекс Пролет и претходните два од плејофот во Супер лигата. Моите ракометари не потпаднаа под притисокот и покрај негативата, машки се издигнаа, победија и ја израдуваа охридската публика. Со малку среќа во ждребката можеме да отидиме и чекор повеќе односно да се пласираме во финалето. Имаме еден ден за славење бидејќи веќе во среда не очекува нов предизвик наречен Макс Струмица која до сега нема загубено меч во плејофот.


Иван Тасески – Многу беше тешко и напорно да се одиграат две мечеви против квалитетни противници за два дена. Заморот и ситните повредите си го направија своето во текот на мечот со Прилеп. Но, сега веќе се забораваме и уживаме во историските моменти за клубот, за соиграчите и за мене.


Крсте Андоновски – Историска победа за Охрид и за нас како играчи во ракометниот клуб. Мораме да бидеме искрени, потешко од очекувањата го победивме Прилеп, но сепак успеавме и многу сме горди и среќни поради тоа. Прилеп имаше полесен натпревар во 1/2 финалето од четвртфиналната група ние имавме потежок, но коцките нас ни се поклопија и се изборивме за пласман во завршницата од Купот.


Дарко Павловиќ – Му честитам на моите соиграчи за тешкиот и исцрпувачки натпревар, а и турнир може да се каже. Се осети заморот во нашата екипа, а некако останав многу должен на мечот со Тинекс и првиот дел од Прилеп и мораше да се извадам пред охридската публика. На минутата одмор само се погледнавме во очи и знаевме што ќе одиграме. Никогаш не сме вежбале на тренинг вакво нешто и прв пат го изведуваме на натпревар.

Ф4 турнирот во Купот на Македонија реалност за охридските „гладијатори“

Фото: Емилио
Мх.П.