Кошаркарите на Охрид во „Билјанини Извори“ против Пелистер прокнижија нови три бодови совладувајќи го гостинскиот состав лесно и убедливо (89-68).
Марјан Младеновиќ (КК Охрид) : Иако забележавме убедлива победа на резултатски план не беше така се лесно на теренот. Цели четириесет минути игравме на високо ниво што е мошне исцрпувачки за дерби мечеви. Во следната трета рунда не очекува натпревар со Гостивар кој можеби ќе решава за првата позиција на табелата во есенската полусезона.
Зоран Петкоски (КК Пелистер) : Ме радува фактот што Охрид има квалитетна кошарка. Екипата е склопена од „глава до пети“ што е за вистински поздрав. Мене ми е мило што сезонава во нашиот состав имаме кошаркари од битолско потекло и ни треба време да се воиграме и да ја крениме самодовербата.
Петар Чочорски (КК Охрид) : Тежок и тензичен натпревар за сите нас, исполнет со многу пресврти и возбудувања. Очигледно противници немаат одговор за нашата игра во одбрана, што пак ни овозможува лесни поени во напад. Во третата рунда против Гостивар ќе имаме вистински тест за нашите можности, но ние одиме на победа.
Пелистер лесен залак за охридските кошаркари
Фото : Тони Трифуноски
Ohridnews