Ракометарите на Металург го задржаа максималниот ефект против Охрид сезонава откака со 21-19 го совладаа во седмата рунда од плејофот во Супер лигата.


Дамка на триумфот од Металург во Охрид остави дискутабилното судење на битолските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски кои им го украдоа шоуто на ракометарите.

Горан Андоновски (Охрид) – Морам да ги пофалам моите играчи кои дадоа максимум на теренот и парираа цело време на екипата која е далеку од поквалитетна од нашиот ранг. Судиските одлуки не заслужуваат никаков коментар бидејќи цела сезона одат на наша штета.


Лино Червар (Металург) – Секако дека сум задоволен после победа. После овој триумф ние во голема мера ја остваривме нашата цел да се пласираме на првите две места од табелата. И честитам на екипата од Охрид која покажа карактер и на публиката која покажа познавање на ракометот.

Благојче Трајкоски (Охрид) – Сите очекувавме ваков натпревар, а и се подготвувавме. Значително ја поправивме одбраната што беше неминовно за дуелот со Металург, но сепак, тие покажаа квалитет и ги однесоа бодовите од Охрид. Причини за поразот има повеќе, тие имаат ростер од 16 играчи и кој секој може да одговори на предизвикот за разлика нас кои сме ограничени. Пред македонската јавност покажавме дека можеме и знаеме, а сега не очекуваат мечеви во кои немаме право на грешка.

Обновено: Металург по голема борба го совлада Охрид

Мх.П.