Екипата на Вардар со минималниот триумф над Младост Царев во Двор во Охрид го продолжи походот кон титулата во Првата македонска фудбалска лига.


Вардар мртва трка на табелата води со Шкендија која исто така забележа победа во 11-та рунда од елитата.

Здравко Цветаноски (Младост) – Им честитам на фудбалерите на Вардар за извојуваната победа. Во првиот дел пруживме солиден отпор кој ни беше скршен со дискутабилен пенал. Поради повредите кои ни се најголем противник неможевме да притисниме во второто полувреме и останавме поразени. Ние ќе бараме начин да излезиме од оваа резултатската криза, но морам да потенцирам дека неможиме и против повредите.

Гоце Седлоски (Вардар) – Заслужено ги освоивме трите бодови против Младост. Немам што да им замарем на фудбалерите кои пожртвувано играа во текот на целиот натпревар. Ние пристапивме мотивирано во овој меч и затоа одигравме многу добар натпревар покрај минималниот триумф. Секако дека нашите амбиции се титула, но од сега да се прават планови за понатаму е многу рано.

Прва МФЛ : Вардар со сомнителен пенал го совлада Младост во Охрид

Ohridnews