Фудбалерите на Металург комплетно се вратија во игра во борбата за опстанок во Првата лига откако во Охрид го совладаа Младост Царед Двор со убедливи 5-1. „Металурзите“ ја забележаа втората победа сезонава, а постот на Младост без победа во елитата се зголеми на осум натпревари.


Здравко Цветаноски (Младост ЦД) : За играта наша немам коментар, а сакам од се срце да им честитам на гостинските фудбалери кои ја заслужија победата и покажаа како храбро се игра фудбал. Нам ни преостанува да видиме како понатаму и што можиме да поправиме.

Дејан Лескароски (Металург) : Сите задачи од тренерот пред почетокот од натпреварот ги исполнавме. Добро го отворивме мечот во Охрид што потоа ни овозможи многу простор за игра. Оваа победа ни беше неопходна и целосно не враќа во игра во борбата за опстанок.


Алексо Мацков (Металург) : Конечено по четири натпревари успеавме да постигнеме погодок и да победиме. Само од тактичкиот дел не сум задоволен бидејќи премногу паничиме кога во наш посед е топката. Имаме многу за работа, но ваква победа ни беше и тоа како потребна.

Прва МФЛ : Младост немоќен и против фенерџијата во Охрид

Мх.П.