Екипата на Брегалница освои значајни бодови во трката за опстанок во Првата фудбалска лига победувајќи го Младост во Охрид со 4-1.
За двата тима ова беше втора пресметка во четири дена откако силите еднаш ги одмерија во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Здравко Цветаноски (Младост ЦД) : Имавме се што посакувавме во првите 20 минути од мечот, но потоа се ни избега од раце. При водство од 1-0, не не посака среќата по ударот на Цветаноски, а гостите веднаш не казнија. Нам ни преостанува да работиме и сите заедно да бараме начин за излез од резултатската криза.
Никола Христовски (Брегалница) : Очигледен е проблемот кај домаќинот кој играше многу добар фудбал на почетокот од првенството. Ние имаме проблем со тренирањето бидејќи не го користиме нашиот терен туку патуваме и тренираме на други терени.Иако губевме одговоривме многу добро и сосема заслужено ги освоивме бодовите.
Брегалница го декласираше Младост во Охрид
Мх.П.