Во Охрид екипите на Младост и Шкендија ги поделија бодовите во 10-та рунда од Првата македонска фудбалска лига ремизирајќи 1-1. Гостите од Тетово поведоа со 1-0 во 34-та минута, а десет минути подоцна „зелено белите“ изедначија на 1-1 што на крајот се покажа како конечен резултат.


Здравко Цветаноски (Младост) : Ремито со Шкендија добро ќе ни дојде по двата порази во серија. Незнам што да кажам за играчите кои заедно сплотени ги надминаа сите проблеми со повредите кои ни „висат“ подолго време. Тие ги исполнаа сите мои задачи и не паднаа на притисокот кога Шкендија ни го окупираше голот. 

Шпетим Дуро (Шкендија) : Во Охрид против тимот на Младост освоивме еден бод, а загубивме два. Имавме игра и резултат, но едно мало невнимание не чинеше победа. Една од одлуките на судиите ми е крајно сомнителна , кога при 1-1 ни поништија според мене чист погодок, но мораме вината да ја бараме во своите редови. 

Илче Петровски (Младост) : Одигравме храбар натпревар против квалитетниот состав на Шкендија. Покажавме карактер, и кога губевме верувавме во поволен резултат. Драго мие што со моите одбрани успеав да и помогнам на екипата да стигне до реми кое ќе ни значи многу во понатамошните натпревари. 

Прва МФЛ : Младост оддолеа од лидерот во Охрид

Прва МФЛ : „Зелено белите“ му го отворија патот на Вардар до врвот

Ohridnews