Работнички со триумфот над Младост во Охрид (3-0) се искачи на третата позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига.


„Зелено белите“ пак, по одличниот старт на дебитанската сезона влегоа во резултатска криза која ги „лизна“ во долниот дел од табелата.

Игор Ангеловски (Работнички) : Доминиравме во текот на целиот натпревар и заслужено ги освоивме трите бодови. Тешко е да се игра со еден противник во период од три дена. Младост е доста понезгоден на домашен терен околку во гости иако навидум изгледа дека не е така. Ние полека се враќаме во нашиот препознатлив ритам што не одведе во горниот дел од табелата. Бодовнота разлика со водечките екипи Вардар и Шкендија е голема, затоа нашата цел е освојување на третата позиција и пласман во Лигата на Европа.


Здравко Цветаноски (Младост) : Им честитам на фудбалерите од Работнички за победата, но мислам дека на вакви екипи не им треба помош од судиите. Не сакаме да се оправдуваме од поразот, но ние сме драстично оштетени во двата мечеви со Работнички. Што се однесува до натпреварот многу сум разочаран и мора многу работи да промениме за да излеземе од оваа криза. Игравме со водечките екипи, но место тоа да биде мотив за нас тоа преставуваше голем проблем.

Прва МФЛ : Работнички убедлив против Младост во Охрид

Ohridnews