Екипата со поголеми нерви триумфираше на дерби мечот од 4 коло. Поспокојни беа во финишот охриѓани кои проифитираа од тенката клупа на гостите.

Падот на конценатрацијата и кратката клупа  се само дел од моментите кои им одеа во прилог на охриѓани, смета тренерот на Пелистер Младен Микиќ

– Имаме проблем со малиот фонд на играчи во таа ротација. Бевме  егал во поголемиот дел од мечот, но нашите осцилации во играта не ни дозволија да се радуваме.  Ни се случуваат падови. Не може да организираме напад, пад на концетрацијата и тоа е казниво  – изјави на прес конференцијата по завршувањето на мечот, тренерот на битолчани Микиќ .

Тренерот на охриѓани, Марјан  Лазовски беше задоволен од победата. Истакана дека очекувал вака тврд меч и дека Пелистер е незгоден противник кој може секого да изненади.

– Нијанси одлучуваа, подолгата клупа беше наша предност. Очекував по тивкото прво полувреме Војдан да се размавне, а проработи во вистинскиот момент за нас – рече Лазовски.

Тренерот на битолчани разликата помеѓу кавадаречкиот Фени и охридскиот Амак СП ја гледа во тоа што Амак СП има мал број на играчи под кошот додека се друго е горе долу изедначено.

Микиќ им посака многу среќа на охриѓани во Фиба натпреварувањето.

М.П.