Различни реакции доаѓаат од водечката четворка која ја одбележа возбудливата трка за Големата награда на Монако, што се возеше изминатиот викенд, на која за прв пат во кариерата триумфираше возачот на Ред Бул, Мексиканецот Серхио Перез.

  • Ова е остварување на сонот како возач. Победата на оваа патека има повеќе кратно значење во однос на другите патеки. Начинот на кој ја остварив е прекрасен. Не беше лесно на крајот, целта ми беше едноставно да не направам грешка и да го задржам Саинц позади мене. Ова е голем момент и за мене и за мојата држава.

      Серхио Перез (Ред Бул-1 – во место)

  • Трката беше излудувачка и непредвидлива. Мислам дека постапив како што треба. Останавме трпеливи на пневматиците за дожд доволно долго за да се префрлам на слик. За жал после враќањето на патеката бев заглавен позади доста по бавен болид. А Монако си е Монако во однос на престигнување. Исто така излегувачкиот круг не ми беше доволно брз . Мислам дека тогаш го изгубив првото место. Разочаран сум но во овој спорт некогаш вака се одвиваат работите.

     Карлос Саинц Јуниор (Ферари 2- ро место)

  • Возев најдобро што можам. Мислам дека стратешки перфектно изигравме и ги прескокнавме возачите на Ферари. Екипно мора да сме задоволни. Ја зголемив мојата предност во генерален пласман, а искрено не бев сигурен дека ќе го направам тоа.

       Макс Верстапен (Ред Бул 3-то место)

  • Не, не. Не ме оставија на цедило. Едноставно грешките се случуваат. Но денеска ги имаше премногу. Ме прашаа дали сакам од интермедија да преминам на слик. Одговорив потврдно но, им реков не одма. Не знам зошто така ми направија и го сменија мислењето. Не смееме во вакви моменти каде се виде дека сме многу подобри од другите вакви работи да си дозволиме i да губиме трки. Јас си го сакам и ценам тимот. Мора да ја сфатат мојата реакција. Мора да сфатат дека ова премногу боли.

      Шарл Леклер (Ферари – 4 то место)

Табела возачи:
1. Макс Верстапен 125
2. Шарл Леклер 116
3. Серхио Перез 110
4. Џорџ Расел 84
5. К.Саинц Јуниор 83

Табела конструктори:
1. Ред Бул 235
2. Ферари 199
3. Мерцедес 134
4. Мекларен 59
5. Алфа Ромео 41

OhridNews