Екипите на Велешта и Охрид ги поделија бодовите, ремизирајќи 0-0 во локалната пресметка во рамките од 11-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад. Дуелот не беше исполнет со фудбалски потези и изгледни шанси за погодок, но борбата и тактиката не изостана.
Дарко Цветаноски (Охрид) – Натпреварот според очекувањата беше тежок, но во секој случај и предизвик за нас како екипа. Среќен сум за дебито и мојот учинок во одбраната, бидејќи успеавме да ги затвориме сите приоди до голот, не дозволувајќи им на противниците да се разиграат. Ги посакувавме трите бодови, но и реми не е лош резултат. Комплетно се насочуваме кон мечот со Дрита на домашен терен и најавуваме атак на победа.
Алтин Лога (Велешта) – Резултатот е реален, но јас не сум задоволен. Имавме неколку повредени фудбалери, а оние кои играа дадоа 100% и сакам да им честитам. Охрид е квалитетен тим, составен од искусни фудбалери, кои во секој момент знаат што сакаат. Шампионатот продолжува, сезоната е долга и ни претстојат уште многу мечеви во кои ќе мораме да се подобриме.
Марино Маркоски (Охрид) – Тактитата и претпазливоста изобилуваше во натпреварот. Ниту една од екипите не презеде поголем ризик да го загрози голот. Малку не поремети повредата на Мерсовски, но и без него одигравме добро во продолжението. Најважно е што не изгубивме и ја продолживме серијата без пораз. Искрено радува континуитетот во играта во одбрана.
- Резултати:
Скопје – Вардар Форино 6-0
Велазерими – Кораб 2-0
Дрита – Кадино 1-1
Велешта – Охрид 0-0
Гостивар – Тетекс 3-0
Табела: Скопје 24, Гостивар 23, Велешта 17, Кораб 17, Охрид 15, Велазерими 15, Кадино 14, Вардар Форино 12, Дрита 6, Тетекс 6
OhridNews