Фудбалерите на Тетекс и Охрид ги поделија бодовите во пресметката од 18-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад, ремизирајќи 0-0. За „рибарите“ ова беше петто реми на гостински мечеви сезонава, додека за „штофарите“ прво, после трите победи и петте порази.

Славчо Георгиески (Тетекс) – Презадоволен сум од играта на моите фудбалери и јас им честитам за ангажираноста и борбеноста. На мечот со Охрид покажавме дека местото на табелата каде што се наоѓаме е нереално. Го надигравме Охрид кој е претедент за висок пласман, промашивме шанси кои не смеевме, меѓутоа, моментална ситуација ни дава за право да се радуваме на секој бод.

Драган Бочески (Охрид) – Најпрво сакам да им се заблагодарам на домаќините за коректниот пречек, фер и коректна атмосфера и игра. Двете екипи имавме свои моменти и прилики за погодок, кои не ги реализиравме. Секој следен меч во Втората лига ќе биде тежок, затоа што бодовите им се потребни на сите екипи.

  • Резултати:

Кораб – Скопје 0-0

Дрита – Велазерими 3-0

Велешта – Вардар Форино 3-0 (службено)

Гостивар – Кадино 0-3

Тетекс – Охрид 0-0

Табела: Скопје 41, Велешта 34, Гостивар 33, Охрид 32, Кораб 25, Велазерими 23, Кадино 19, Тетекс 15, Дрита 13, Вардар Форино (откажан).

OhridNews

 

Охрид ремизираше со Тетекс