Екипата на Струга Трим Лум е пеницилин на домашен терен за фаворитите во Првата македонска фудбалска лига. Во растојание од две недели, стружани на домашен терен ги совладаа Вардар и Шкендија и упатија силна порака дека заслужуваат да бидат дел од фудбалска елита. Шкендија во Струга водеше но на крајот замина со празни раце после фантастичните погодоци на Валентин Кочоски и Нијаз Лена.

Јетон Бекири (Струга ТЛ) – Освен само да им честитам на момците за играта и за желбата не ми преостанува ништо друго. Во растојание од две недели на домашен терен ги победивме двата претенденти за титула во македонскиот шампион што доволно кажува со каков жар играме пред своите гледачи. На денешниот дуел губевме на полувремето но со стрплива игра успеавме да победиме. Мора и треба да останеме цврсто на земја, бидејќи викендов не очекува нов натпревар во кој исто така мора да дадеме се од себе.

Ернест Ѓока (Шкендија) – Со големо внимание се подготвуваме за овој натпревар и во ниту еден момент не помисливме дека ќе биде лесно. Првиот дел помина како што посакувавме. Го контролиравме мечот, имавме водство и не дозволивме ниту едно возбудување пред нашиот гол. Во второто полувреме незнам што се случи. Почнавме да грешиме каде што не требаше и примивме два погодоци по наша вина. Добро ни тргна периодов и требаше да победиме и да го искористиме ремито на Вардар и уште повеќе да се доближиме до врвот на табелата.

Нијас Лена (СтругаТЛ) – После неколку добри натпревари на домашен терен дојде време да го одиграме најдобриот во првата полусезона. Љубителите на фудбалот мислам дека уживаа во нашата претстава и играта на Шкендија. Натпреварот изобилуваше со шанси и со убав фудбал, а погодоци беа само круна на епитетот дерби на колото. 

OhridNews

Прва МФЛ: Шампионот на колена во Струга, еврогол на охриѓанецот Валентин Кочоски (видео)