Одлуката за учесникот во полуфиналето од Купот на Македонија ќе падне на реваншот во Тетово откако фудбалерите на Струга Трим Лум и Ренова ремизираа без голови (0-0) во првиот четвртфинален натпревар во Струга. Двете екипи на денешниот натпревар има по неколку прилики, но реализацијата затаи и мрежите останаа чисти.
Бујар Ислами (Ренова) – Мора да бидеме задоволни со ремито без голови со оглед каква ни е здравствената состојба во текот на целата сезона. Имавме 2-3 прилики од кои можевме да постигнеме погодок, но не успеавме и да бидеме реални ремито и го посакувавме двете екипи. Каков и да беше исходот денеска, патникот во полуфиналето ќе се решаваше во Тетово. Сигурно, дека посакуваме да обезбедиме пласман во полуфиналето, но до тогаш има уште време и рано да мислиме за тој натпревар.
Јетон Беќири (Струга ТЛ) – Нашата цел беше да ги одмориме клучните фудбалери, да им дадеме шанса на оние со помала минутажа и да обезбедиме поволен резултат. Целите ги исполнивме. Имавме повеќе од играта, но штета што ја не реализиравме од неколку ситуации. Знаевме и пред мечот дека ова е прва битка, а главната следува во Тетово.
КУП: Реми без голови во Струга, гостинска победа на Академија Пандев (видео)
OhridNews