Екипата на Струга Трим Лум им се врати на победите на домашен терен во Првата лига совладувајќи ја Ренова со 1-0 (0-0) во 10-та рунда од првенството. Стружани во „фајтерски“ натпревар постигнаа еден погодок кој им донесе три бодови. Стрелец на голот беше Христијан Драгарски во второто полувреме.

Фљамур Таири (Струга ТЛ) – Очеувавме ваков тежок натпревар бидејќи двете екипи имам речиси идентичен квалитет и желба за победа. Дуелот беше исполнет со многу борба на средината од теренот. Ние искористивме една приликите, Ренова не успеа да погоди и да извлече реми или пак да поведе. Со овој триумф покажавме дека не случајно го победивме Работнички и полека но сигурно излегуваме од кризата.

Арџент Гафури (Ренова) – Ова е скандалозно. Судијата беше во центар на вниманието, а фудбалерите на Струга ТЛ констатно паѓаа на теренот и ја шутираа топката. Од страната немаше деца за топки, ова е неверојатно. Ако вака се игра и суди во продолжението од сезоната Првата лига нема да личи на ништо. Пред голот има фаул за наш фудбалер а арбитарот досуди контра фаул. Потоа голот е чист и класичен офсајд и судиите не реагираат. 

Бујар Ислами (Ренова) – Никогаш не коментирам судии и судиски одлуки, но ова денеска беше криминал. Катастрофално судење имавме во Кратово а уште послабо денеска. Голот е чисти офсајд, потоа има пенал за нас кој не е досуден. Секогаш кога ќе го притиснивме противникот судијата измислуваше фаули и не` не оставаше да правиме фудбалски притисок. Што се однесува до играта имавме повеќе шанси, заслуживме најмалку бод, но не можевме против судиите.

Јетон Беќири (Ренова) – Многу значајна победа за нас во многу тежок и исцрпувачки натпревар. Игравме против една квалитетна екипа на Ренова која во секој момент знае што сака и што прави и се бори до самиот крај. Во овој дел од првенството се бројат бодовите и добро е што врзавме две победи во серија после резултатска криза претходниов период. 

OhridNews

Струга Трим Лум и се реваншираше на Ренова (видео)