Тимот на Охрид со победа над Вардар Јуниор (33-18) ги финишираше мечевите во Супер лигата. „Гладијаторите“, на теренот ја оправдаа фаворитската улога на хартија и заслужено ги освоија бодовите во средбата со младите „вардарци“.
Раде Стојановиќ (Охрид) – Почнавме агресивно во одбрана и ефикасно во напад како што се договоривме. Во првите десет минути го решивме мечот и после следеше ротација и шанса за сите ракометари. Со триумфот ставивме точка на успешната полусезона и можеме да одмараме со мирни глави.
Стојан Петрушески (Вардар) – Отсуството на тројца стандардни првотимци беше премногу за нас. Тој хендикеп се одрази многу на играта и резултатот. Разликата во квалитет не сомнено е на страната од Охрид но поразот е преголем. Средбата во Охрид ни беше добар тест и ќе мора да извлечеме многу поуки за борбата која не очекува во плејаутот.
Мартин Ивановски (Охрид) – Натпреварот со Вардар Јуниор беше добра прилика за нас помладите ракометари и максимално ја искористивме. Овој дуел ни беше како генерална проба за утрешниот меч со Металург 2 во Младинската лига. Кој ќе победи во дерби средбата ќе заврши како првопласиран на табелата. Затоа ги повикувам охриѓани да не поддржат и да не бодрат во новата ракометна битка.
OhridNews