Охридските фудбалери, запишаа нови три бодови на табелата во Втората лига совладувајќи го Кадино (3-2) на домашен терен во дербито на дното. „Рибарите“, со триумфот успешно ја завршија првата полусезона и упатија порака дека немаат намера да се откажат во борбата за опстанок.
Ромео Кочоски (Охрид) – Добро е што победивме и ја продолживме позитивна серија на домашен терен, но изданието во вториот дел ќе остави голем белег на триумфот. Во првиот дел остваривме се што имавме зацртано, а во вториот можевме се да упропастиме. Мотивирано го отворивме мечот, постигнавме погодок и се беше на нашата страна, но ете во вториот дел место да го финишираме противникот ние почнавме да славиме победа и тоа можеше да ни се одбие од глава.
Гоце Толески (Охрид) – Задоволен сум од победата и од првото полувреме, додека од второто полувреме сум многу разочаран. На почетокот од мечот и во текот на цело прво полувреме игравме супер. Добро се движевме, постигнавме погодок, гостинот остана со играч помалку, а потоа погодивме уште еднаш. Во второто полувреме излезе нова екипа во негативна смисла и во еден момент почуствував дека ние имаме играч помалку, а не повеќе. Нови погодоци од грешки, незамисливи потези и ред други работи кои мора да ги остраниме за вториот дел од сезоната. Не чека пауза во која ќе направиме анализа и со уште поголеми мотиви ќе ја почнеме втората полусезона.
Александар Ѓорѓиески (Охрид) – Најпрво сакам да му испратам подршка на нашиот другар и сограѓанин Трајан Целески-Тачо. Честитки за победата, изигравме машки и борбено како што се договоривме пред мечот во соблекувалната. Цела недела се подготвуваме и бевме сконцентрирани за оваа средба и со помош на советите на нашиот тренер Гоце Толески заеднички ја добивме. Среќен сум за двата постигнати голови и со тоа што помогнав на екипата да стигне до оваа победа, а најголема заслуга оди кон моите соиграчи. Уште еднаш честитки за цела екипа на чело со тренерот и цел стручен штаб кои што ни даваат неизмерна подршка.
Втора МФЛ: Охрид побегна од дното, Пелистер есенски првак
Голеада на „Билјанини Извори“, Охрид подобар од Кадино
OhridNews