Екипите на Лабуништа и Струга Трим Лум ги поделија бодовите на дерби средбата на Градскиот стадион во Струга ремизирајќи 2-2. Првата меѓусебна пресметка ги оправда очекувањата и понуди многу борба и четири голови.
Пепи Џигероски (Лабуништа) – Едно морам да им признаам на моите играчи што имаат карактер и срце лавовско. Резултатска негатива не ги обесхрабри и не ги деставилизираше, туку до последен момент знаеја што сакам и што барам од нив. Дерби средбата ги исполни сите очекувања и мислам дека многубројната публика уживаше.
Александар Танчески (Струга Трим Лум) – На натпревар на кој противникот го сведовме на еден шут ние не успеавме да победиме иако постигнуваме два погодоци. Двата погодоци ги примаме од фаули кој во најмала рака беа дискутабилни. Секогаш на нашите натпревари судиските грешки ги користат нашите противници, а ние никогаш немаме профитирано од таква работа. Не сакам да се сомневам, но ова е веќе за размислување.
Игор Клечкароски (Лабуништа) – Очекувавме тврд натпревар со многу борба на средината од теренот. Со желбата за игра мислам заслуживме и повеќе од бод, но мора да бидеме задоволни, бидејќи два имавме негатива во текот на мечот.
Втора МФЛ: Реми на дербито во Струга
OhridNews