Без победник (1-1) заврши дерби средбата помеѓу Лабуништа и Пелистер во Струга во последната рунда од првиот круг во Втората лига. Екипата на Лабуништа поведе со голот на Хасан Сунај во 65-та минута а Пелистер бод извлече со погодокот на Борче Маневски во 81-та минута од мечот.

Дарко Симјаноски (ФК Лабуништа) – Нашата екипа беше подобра на теренот и повеќе ја посакуваше победата, но фудбалот е интересен затоа што не победува секогаш подобриот или тој што сака победата. Првично од ремито не сме задоволни, но кога ќе се погледнете табелата и не е така лош резултат. 

Благоја Љамчевски (ФК Пелистер) – Целта на некој начин ја остваривме што останавме непоразени, но потфрливме во играта. Наш стил кој сакаме да го наметнеме не е да се браниме и бркаме негатива, туку да напаѓаме и да победуваме. Притисокот можеби си го направи своето а имавме и расположен ривал за игра. Склоп на околности во рунда во која не победуваме ја зголемуваме предноста на табелата.

Пепи Џигероски (ФК Лабуништа) – Вистински дерби натпревар. Влеговме во мечот со големи очекувања и притисок после загубениот меч со Кораб во Дебар. Одигравме добро, штета што не издржавме уште 5-6 минути потоа ривалот ќе почнеше да брза и можеби ќе се одбранавме. Ние се уште сме во игра за исполнувањето на целта и мислам не треба да се свати ремито со Пелистер трагично. Продолжуваме понатаму, во следната рунда ни гостува Кадино во меч кој треба и мора да го добиеме. 

Дарко Крстески (ФК Пелистер) – Незнам што да кажам после вака одигран слаб натпревар. Можам само да бидам задоволен од освоениот бод и од ништо повеќе. Едно трениравме цела недела а на теренот игравме нешто друго. Се договоривме да ги нападнеме и да ги притисниме, но место тоа противникот ни создаде 2-3 шанси и водеше а ние се спасувавме од пораз.

OhridNews

Втора МФЛ: Возбудливо реми во Струга, Лабуништа и Пелистер ги поделија бодовите