Фудбалерите на Лабуништа, освоија значајни три бодови во трката за шампионската титула во Втората македонска фудбалска лига-запад која гарантира пласман во фудбалската елита. „Зелено белите“, на домашен терен со пресврт го совладаа Гостивар (2-1) и продолжија да му дишат во врат на Пелистер кој е лидер на табелата со два бодови предност. Помеѓу водечкиот Пелистер и третопласираниот состав на Лабуништа се наоѓа Дрита со 15 бодови.

Петар Љамчевски (Лабуништа) – После напорна недела со тренинзи и не очекуваното реми со Охрид ни требаше една ваква победа за подигнување на самодовербата и атмосферата во екипата. Не се предадовме, игравме до крај и после негативата од цели 70 минути во мечот. Победата и двата голови се награда за желбата и волјата кај сите играчи. Овој пат јас се најдов на вистинско место и погодив, друг натпревар ќе биде некој соиграч, многу е важно што победуваме. 

Ерџан Менга (Гостивар) – Да им се заблагодарам на домаќините за добриот пречек и фер и коректната игра. Овој пат ќе си земам за право и за поразот ќе ги обвинам судиите. Првиот гол со кој Лабуништа изедначи е класичен офсајд а во првиот дел не ни е досуден пенал. Можевме да се бориме со Лабуништа храбро на теренот но не и против судиите. Ние и со бод ќе бевме задоволни бидејќи се работи за директен конкурент но пак ќе повторам не можевме и против судиите.

Пепи Џигероски (Лабуништа) – Примивме погодок од една полу шанса и потоа составот на Гостивар прописно не измачи да дојдеме до победата. Игравме добро, креиравме прилики и грачите покажаа цврст карактер и јас им честитам. Голем триумф и значајни три бодови кои не искачија во горниот дел од табелата. 

Дејан Лескароски (Лабуништа) – Психолошки многу тежок натпревар после она бледо издание против Охрид минатата рунда. Целиот плен ни беше императив и само таквата мисла не одржа во игра во текот на натпреварот. Покажавме дека може да играме и кога имаме негатива и кога не сака топката да ја помине линијата и сигурен сум оти гледачите си заминаа од стадионот задоволни. Целиме на првите две места од табелата и да направиме историски успех за клубот пласирајќи се во Првата лига. 

OhridNews

Втора МФЛ: Лабуништа со пресврт го совлада Гостивар во Струга