Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Дрита и Охрид во рамките од третата рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад. Дуелот во Боговиње изобилуваше со тактичко надмудрување и борба на средината од теренот. Охрид имаше подобри шанси во првото полувреме додека Дрита позрели прилики за гол имаше во вториот дел.
Јане Николоски (Дрита) – Кога ќе се сумира се натпреварот заслужи добра оценка. Дрита и Охрид, мислам дека го дадоа максимумот во моментов и во однос на борбата немам што да замерам. Според шансите ние треба да жалиме за двата преостанати бодови. Охридскиот голман со две одлични интервенции спречи гол кој сигурно ќе ни донесеше три бодови.
Драган Бочески (Охрид) – Ремито е реален исход. Двете екипи имамавме свои добри и лоши моменти, затоа сметам дека поделбата на бодовите е реална. Јас сум задоволен од бодот бидејќи ја продолживме низата без пораз и го задржавме нивото на игра. Морам да замерам дека теренот беше лош за игра и не дозволи да се претставиме во добро светло. Но да ги пофалам домаќините за добриот пречек, фер и коректната игра. Исто така упатувам честитки до судиската тројка на чело со Смоквоски за судењето во текот на целиот натпревар.
OhridNews
Втора МФЛ: Триумф на Велешта, Охрид ја одбрани честа на гостите