Охридските „гладијаторите“ ги запишаа првите бодови на табелата во Супер лигата после убедливиот и рутински триумф над Работнички со 34-22. „Гладијаторите“, ништо не оставија на случајност и од стартот на мечот наметнаа темпо на кое гостинскиот состав во ниту еден момент немаше одговор.

Раде Стојановиќ – Ракометарите максимално одговорно и професионално одговорија на моите барања и задачи. Пристапот во натпреварот многу ми се допадна и тука лежи тајната на победата. Поразот од Пролет на отрезни и ни покажа што треба да правиме понатаму. Покрај тимската игра сакам да го пофалам младиот Михаил Иваноски. Тој иако млад зрело ги изведе седмерците и делуваше многу стабилно во текот на играта. Секој кој има потенцијал во охридската школа ќе добие прилика да тренира со првата екипа а и еден ден сигурно да заигра.

Иван Тасески – Ни требаше еден ваков триумф со убедлива и доминатна игра после оној лош натпревар со Пролет. Над главата се уште ние се вртат прашалници за тој загубен меч но моравме да ги крениме главите и да покажеме дека тоа беше лош ден и ништо повеќе. Сезоната само што започна и допрва ние ќе ја креваме формата и ќе покажеме најдоброто од оваа екипа. Ни следуваат неколку супер предизвици на кои ќе треба позитивно да одговориме. 

Михаил Иваноски – Многу ми е мило што ги реализирав седмерците и ја оправдав довербата дадена од тренерот. Откако ми кажа дека ќе изведувам седмерци тренирав и на крајот тоа вроди со плод. Исто така дадов се од себе кога влегов во игра и се на се имав добар натпревар. Следната недела продолжуваме со напорни тренинзи и наша работа е да ја искористиме секоја прилика која ќе ни се даде.

OhridNews

Доминатна победа на „гладијаторите“ за успешна премиера пред охридската публика