Ракометарите на Охрид, совладувајќи го Пелистер со 28-20 ја оправдаа фаворитската улога во една од поинтересните средби од 12-та рунда во Супер лигата. „Гладијаторите“ до „шест од шест“ на домашен терен стигнаа со маестрална игра во второто полувреме откако на противникот му дозволија да се разигра во првите 30 минути. Со победата пред своите гледачи Охрид се искачи на врвот од табелата во Супер лигата.

Раде Стојановиќ (Охрид) – Прерано почнавме да ја славиме победата откако многу добро го отворивме мечот. Поведовме со 9-3 и застанавме, а Пелистер сериозно не опомена и мора да внимаваме во иднина. Во паузата помеѓу двете полувремиња се договоривме да одиграме цврсто и борбено и да стигнеме до победа без неизвесност. Момците, испочитуваа се од договореното и заслужуваат честитки.

Александар Зарков (Пелистер) – Охрид не уфрли брзина погоре колку што ние направивме технички грешки во второто полувреме кое го одлучи победникот. Кога видов дека губиме и немаме шанси му дадов прилика на сите ракометари кои мора да стекнат искуство и самодоверба низ вакви средби. 

Мартин Манасков (Охрид) – Добро го отворивме мечот, поведовме со шест голови и мислевме дека е се готово. Пелистер максимално ја искористи нашата опуштеност и успеа да дојде до минус еден. Во иднина не смееме да ги повторуваме грешките, туку треба да ги финишираме противниците. Ни преостануваат уште два натпревари во кои секако дека ќе атакуваме на победа и според планот да ја завршиме есенската полусезона.

Фото: А. Момироска

Пелистер не го издржа темпото во Охрид, „гладијаторите“ остануваат перфектни во „Билјанини Извори“

Фото: Нов натпревар, ново шоу на „Рибари“