Екипата на Охрид ја запиша седмата победа во Супер лигата, совладувајќи го Голден Арт КЛ7 со 27-24, во осмата рунда од шампионатот. „Гладијаторите“ не убедливо, но потполно заслужено славеа во дуелот со дебитантот и со победа ги започнаа мечевите од вториот круг во македонската ракометна елита.
Раде Стојановиќ (Охрид) – После триумфот во дербито со Пролет и завршување на првиот круг со максимален учинок, малку се опуштивме и не одигравме на ниво од претходните мечеви. Нападот беше на ниво во првиот дел, одбраната не толку. Во вториот беше обратно. Ротиравме во составот, шанса добија сите ракометари. Победивме и комплетно се насочуваме кон следните предизвици.
Андон Бошковски (Голден Арт КЛ7) – Заслужена победа на Охрид. Нашиот протиник е подобар моментално, но ние одигравме солиден натпревар. Жал ми е што изгубивме, бидејќи добро се држевме, но продолжуваме понатаму.
OhridNews