Фудбалерите на Лабуништа го прекинаа постот без победа во продолжението од Втората МФЛ-запад совладувајќи го Кораб со 1-0 во 18-та рунда од шампионатот. Човек на одлука беше Пајазит Салиу. Напаѓачот во 88-та минута погоди за 1-0 и донесе многу важен триумф и бодови во битката за врвот во Втората МФЛ.

Раиф Мисерловски (Лабуништа) – Токму ваква победа ни беше потребна да се вратиме на победничките патеки. Ја прекинавме серијата без погодок и без победа и покажавме карактер. Продолжуваме понатаму со исти мотив и цели.

Менсу Неџипи (Кораб) – Едно мало невнимание и кикс во одбраната не чинеше пораз. Исто така да напоменам дека не реализиравме неколку прилики за погодок и казната не стигна. Не сум задоволен од судењето и нивниот критериум. Ни поништија чист погодок, без потреба ја прекинуваа играта и од мирен натпревар направија да биде тензичен. 

Пепи Џигероски (Лабуништа) – Натпревар за уживање. Двете екипи игравме отворено и имавме свои шанси за погодок. Немаше да биде незаслужено Кораб да поведе, но исто и ние возвративме со иста мера. Овој пат среќата беше на наша страна и не посака во клучните моменти. Триумфот добро ќе ни дојде за стабилизирање после лошиот почеток на втората полусезона.

Втора МФЛ: Салиу таличен за Лабуништа против Кораб

OhridNews