Најтрофејниот клуб во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид ја забележа првата победа во фазата по групи, совладувајќи го Интер во дерби пресметката со 3-2, полувреме (2-1). „Лос бланкос“ во текот на натпреварот прокоцкаа предност од 2-0, но на крајот, сепак, славеа со 3-2.

Зинедин Зидан (Реал Мадрид) – Им честитам на фудбалерите за победа која потполно ја заслужија. Отворивме многу добро и поведовме со 2-0. Противникот брзо постигна погодок, намали на 2-1 и се врати во игра. Потоа беше тешко, но стигнавме до трет погодок кој не одведе до победата. Родриго и Винисиус внесоа свежина, донесоа динамика во нашата игра и тие заслужуваат пофалби. Можеме да бидеме уште подобри, но пред се мора да бидеме задоволни со победата.

Антонио Конте (Интер) – Ова е мојот Интер, без разлика дали добар или лош. Мислам дека и вакви работи се потребни за екипата да порасне. Жал ми е што останавме без бодови. Во Мадрид допатувавме да се надигруваме, направивме грешки и примивме два погодоци. Успеавме да се вратиме, а имавме шанса и за победа. И на крајот не освоивме ниту бод. 

Манчестер Сити го задржа максималниот ефект после три одиграни мечеви, откако во третата рунда со 3-0 на домашен терен го совладаа грчки Олимпијакос. На „граѓаните“ им недостига уште еден бод за теоретски да го осигура пласманот во елиминациската рунда.

Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) – Зад нас имаме три добри натпревари, од кои успеавме да освоиме девет бодови. Уште многу малку ние потребно да ја обезбедиме примарната цел-пласман во нокаут фазата. Што се однесува до мечот со Олимпијакос, во првиот дел игравме супер додека во второто полувреме се мачевме. Сепак, пред крајот постигнавме втор погодок и трет потоа и мечот се заврши супер. Следува ден слобододен, а потоа целиот фокус на дерби натпреварот со Ливерпул.

OhridNews

ЛШ: „Кралевите“ славеа во дербито во Мадрид, моќни победи на Ливерпул и Баерн Минхен