Фудбалерите на Реал Мадрид со два голови во финишот се изборија за бод на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах. Стрелци на головите беа Карим Бензема и Касемиро, додека за домаќините головите ги постигна Маркус Турам. За „кралевите“ ова беа први бодови на табелата после поразот во првата рунда од украински Шахтјор Доњецк.
Резултатот зборува многу за карактерот на тимот. Заслуживме нерешено – и дури мислам дека заслуживме повеќе. Ова е многу важен бод. Се разбира, ситуацијата на табелата е тешка, сега сме во иста позиција како и минатата година. Играчите се бореа до крајот и одиграа добро, сигурен сум дека сè ќе остане зад нас.
Треба да се обидеме и да се избориме со заморот. Не застанавме, но бевме многу уморни. Тоа е тоа што е. Оваа година ќе биде тешка за сите. Но, денес треба да бидеме горди на резултатот, затоа што зедовме бод во тешко гостување. Да, нешто ни недостасуваше, бидејќи не победивме, но верувавме во нашиот план за игра, се претставивме добро и заслуживме нерешено. Содржината на натпреварот беше добра. Нема лесни средби во групната фаза. Ако играме така, ќе продолжиме понатаму. – изјави тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан.
Ливерпул славеше 2-0 во дуелот со Митјиланд. „Црвените“ иако со 2-0 требаа добро да се „испотат“ да го совладаат данскиот ривал. Резултатот го отвори Жота, а Салах дури во судиското продолжение ја дуплираше предноста и го обезбеди триумфот. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп мечот со Митјиланд го спореди со бракот кој секогаш е исполнет со предизвици.
Ова беше тешка вечер. Нешто како брак, имавме и добри и лоши моменти. Сепак, цело време се боревме и покажавме заедништво. Повредата на Фабињо во првото полувреме на поремети. И покрај тоа се покажавме добро. Направивме некои промени на полувремето и на крајот славевме. Победата од 2-0 е сосема во ред. – рече Клоп.
OhridNews
ЛШ: Реал Мадрид се спаси од пораз, Атлетико Мадрид со пресврт до победа (видео)