Европскиот вицепрвак Пари Сент Жермен во дербито на колото го победи Манчестер Јунајтед со 3-1 и ги освои бодовите на „Олд Трафорд“. „Светците“ до триумф во Англија стигнаа на крилата од Бразилецот Нејмар кој постигна два од трите погодоци.
Добар натпревар и вистинска штета, што навивачите неможеаја да го проследат во живо. Кога ќе ги видиш составите, одма ќе помислиш дека има многу голови и мислам дека ја оправдавме довербата. Шанси имаа двата тима. Ние промашивме во клучните моменти, за разлика од нашиот противник кој ги реализираше приликите. Нијанси одлучуваа за победникот. – рече менаџаерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер.
Во последната шеста рунда Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Лајпциг влегуваат со идентичен број на бодови. Англичаните гостуваат кај Лајпциг, а ПСЖ го пречекува турски Башакшехир.
Стратегот на Борусија Дортмунд, Лусијен Фавр го обвини Сергеј Милинковиќ-Савиќ го обвини за симулација, а го крикитуваше и арбитарот кој досуди пенал за Лацио.
Натпреварот заврши нерешено само поради судијата. Милинковиќ-Савиќ буквално „пливаше“ како во базен, а не играше како фудбалски терен. Без разлика на се, ние ја остваривме целта и обезбедивме пласман во нокаут фазата. – изјави Фавр.
OhridNews