Фудбалерите на Порто ја искористија предноста на домашен терен и со 2-1 го совладаа Јувентус, во првиот од двата мечеви во осминафиналето. Португалците на „Драгао“ отпорот на Јувентус го скршија на почетокот од двете полувремиња кога ги постигнаа двата погодоци. Вредниот погодок во гости за „старата дама“ беше дело на Киеза.

Кога ќе примите го во првите минути, станува многу тешко, особено кога играте против тим како Порто, кој се брани со две компактни линии и малку дозволува да го загрозите. Ние им допуштивме да играат како што посакуваа. Моравме да играме со топката подобро и побрзо. Порто беше одличен во покривањето на слободните зони во центарот на теренот и требаше подобро да ги искористиме крилните позиции, но со бавно играње со топка, ова не е лесно. Се надевам дека во реваншот ќе бидеме поуспешни. – изјави тренерот на Јувентус, Андреа Пирло.

„Милионерите“ пак, обезбедија екстра поволен резултат на гостувањето во Шпанија, победувајќи ја Севиља со 3-2. Творецот на триумфот Ерлинг Халанд не штедеше зборови за својот тренер Един Терзиќ, кој силно верувал во Норвежанецот.

Чувствував голема самодоверба кај мене и воопшто во екипата, а и добро игравме. Не беше добро што примивме два погодоци, но постигнавме три на гостински терен. Тренерот ми даде многу добри совети и заслужува пофалба. – изјави Халанд.

Реванш натпреварите во Торино и во Дортмунд на програмата се следниот месец.

OhridNews

 

ЛШ: Јувентус го даруваше Порто, „милионерите“ победија во Шпанија (видео)