Турскиот Истанбул Башакшехир го зголеми притисокот на плеќите од Оле гунар Солскјер, откако со 2-1 го совлада Манчестер Јунајтед во рамките од третата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони. Норвежанецот на клупата од „црвените ѓаволи“ и покрај поразот во ЛШ не стравува од отказ, за кој на големо се пишува во Англија.

Не сакам да зборувам на таа тема. Рано е да се даваат такви мислењеа. Мора да бидеме јаки во вакви моменти. Јас сум ангажиран во Манчестер Јунајтед и моментално работам најдобро што можам. – изјави Солскјер.

Навивачите на Челси, пак, имаат причини за задоволство откако нивниот клуб со 3-0 го совлада Рен и запиша нови три бодови на табелата. Во играта и победа на „сините“ уживал и менаџерот Френк Лампард.

Натпреварот беше тежок, но момците беа на ниво. Рен е добар тим кој доаѓа од лига која негува по тврд фудбал. Добро го отворивме мечот, постигнавме погодок и ја презедовме контролата. – рече Лампард.

Возбудувањата во ЛШ продолжуваат следната недела со натпреварите од четвртата рунда. Домаќините ќе бидат екипите кои во третата рунда играа како гости.

OhridNews