Екипата на Барселона ги освои трите бодови во дербито на колото, победувајќи го Јувентус со 2-0 во Торино. Каталонците триумф на „Алијанц“ стадионот славеа со головите на Осман Дембеле во првиот дел и Лионел Меси во второто полувреме. Јувентус на дуелот со Барселона настапи ослабен поради отсуството на Кристијано Роналдо кој се уште нема добиено негативен тест на коронавирусот.
Ова е нашата најдобра претстава сезонава. Многу важна победа против силен европски тим, успеавме да му го наметнеме својот фудбал на противникот. Сакав да играм тројца дефанзивци, така што еден играч ќе се турка напред и ќе создаде нумеричка предност на средината на теренот. Благодарение на ова, создадовме многу шанси за гол и, да бидам искрен, требаше да го решиме исходот на натпреварот многу порано. Презадоволен сум од фудбалот што го игравме денес, задоволен од резултатот и карактерот што ги покажа мојот тим. – изјави тренерот на Барселона, Роналд Куман.
Ова е моментот кога треба да стиснеме заби, да работиме заедно и да го извлечеме најдоброто од себе. Резултатите во последно време не се во согласност со нашите стандарди. Знаевме дека ќе биде тешко и покрај тоа што фалеа многу играчи во двете екипи, но направивме премногу технички грешки со што и олеснивме на Барселона. Пред нас е долг пат, знаеме дека можевме да сториме повеќе оваа вечер, вклучувајќи ме и мене, дури и ако се мачев. Она што ме тера да се надевам е таа желба да направиме нешто повеќе со топката во нашите нозе. Тоа значи дека ризикувате повеќе и му давате шанси на противникот, ама тоа е нешто на што треба да работиме. – рече фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи.
Манчестер Јунајтед ја забележа втората победа во фазата по групи, совладувајќи го Лајпциг со 5-0 на домашен терен. Голем импакт во победата имаше Маркус Рашфорд кој постигна три од петте погодоци. По еднаш беа прецизни Мејсон Гринвуд и Ентони Марсијал.
Рашфорд влезе во игра и имаше неверојатно влијание во играта. Ова е она што го бараме од резервите, да внесат дополнително темпо на теренот. Докажа дека може да биде многу важен во две улоги. Кога е на теренот од почетокот и кога влегува како резерва. Победата е награда за тимот. Работата без топка беше неверојатна од нашите играчи. Немања, Дони, Пол и Фред, сите работеа. Сепак, мислам дека Фред беше брилијантен. Сигурен сум дека го покри секој лист од тревникот на Олд Трафорд. – истакна менаџеорот на „ѓаволите“. Оле гунар Солскјер.
OhridNews
ЛШ: Барселона триумфираше во Торино, „црвените ѓаволи“ распукаа на Олд Трафорд (видео)