Екипата на Интер излезе победник во вчерашните мечеви од А, Б, Ц и Д групите во Лигата на Шампиони. „Нероазурите“ на гостински терен со 3-2 ја совладаа Борусија Менхенгладбах и ги задржаа шансите за пласман во нокаут фазата. Италијанскиот калчолигаш во шестата рунда го пречекува Шахтјор на „Џузепе Меаца“ и со победа, успешно ќе ја прескокна групата.

Треба да бидете одличен тим, во спротивно нема да ја поразите оваа Борусија, која сега е во добра форма. Заслуживме да победиме, можевме да избегнеме некои ризици на крајот од средбата, но сепак сме живи, и ова е главната работа.

Честитки до моите фудбалери, бидејќи играа максимално посветено. Сè уште не сме ја поминале групата, но јас сум задоволен, бидејќи тимот демонстрира голема волја, голема желба да ги задоволиме нашите навивачи, додаде италијанскиот стратег. – изјави тренерот на Интер, Антонио Конте.

Стратегот на „кралевите“ Зинедин Зидан не размислува за отказ или оставка, покрај лошите резултати на фудбалерите во Ла лига и Лигата на Шампиони. Зидан смета дека пред него и пред клубот претстои голема работа и оти разделба не е најдобра опција.

Нема да си дадам оставка! Имавме тешки моменти и лоша низа резултати, тоа е реалноста, но мораме да продолжиме. Одигравме добро прво полувреме, но не успеавме да дадеме гол, така што сега има уште еден натпревар и ќе одиме на победа. Имам сила како и секогаш ќе го дадам максимумот исто како сите фудбалери. Ќе ја кренеме главата и ќе мислиме на следниот натпревар. Ќе продолжиме да работиме со иста мерка како и досега. – изјави Зидан.

Во последната рунда на Реал Мадрид и Интер им треба победа во дуелите со Борусија Менхенгладбах односно Шахтјор Доњецк за пласман во топ 16.

OhridNews