Манчестер Јунајтед во групната фаза ги заврши мечевите во Лигата на Шампиони, откако финишираше на третата позиција на табелата во групата Х. „Црвените ѓаволи“ изгубија во директната пресметка со Лајпциг со 3-2 и евро-авантурата ќе ја продолжат во Лигата на Европа.
Секако, не можеме да кажеме дека игравме добро. Не заслуживме да ја поминеме групата. Многу негативно влијаеше на нас поразот во Истанбул. На тој натпревар не смееше да се изгубат бодови. Со Лајпциг бевме близу до реми, но кога ќе се примат три гола е тешко да се дојде до бодови. – изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер.
Екипата на Јувентус, синоќа со 3-0 ја совлада Барселона. Во фокусот на јавност беше средбата помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Португалецот после натпревар во кој постигна два голови рече дека никогаш немало ривалство помеѓу него и Меси.
Ние бевме конкуренти на разни церемонии на доделување награди веќе 12-13 години. Но, никогаш не го сметав за Меси за ривал, сето тоа беше поттикнато од медиумите. Секогаш добро се сложувавме. И, ако го прашате Лео, тој ќе ви го каже истото. – изјави Роналдо.
Јувентус во групата заврши на лидерското место, додека Барселона финишираше на втората позиција.
OhridNews
ЛШ: Лајпциг го елиминираше Манчестер Јунајтед, Јувентус ја разби Барселона (видео)