Екипите на Охрид и Лабуништа ги поделија бодовите во локалното дерби од шестата рунда во Втората лига ремизирајќи 0-0. „Рибарите“ беа подобар ривал од Лабуништа во средбата која ја проследија околу 1 500 гледачи. Охриѓани го запишаа првиот бод на табелата а Лабуништа остана во самиот врв и покрај денешното реми.
Гоце Толески (Охрид) – Тежок натпревар од секој аспект за нас беше дербито со Лабуништа. Со оглед на поразите резултатски имавме голем притисок а и психолошкиот си го направи своето. Ова е најдобро издание, но не е максималното ниво од оваа екипа. Фудбалерите се добри и квалитетни и ќе бидеме уште подобри во текот на сезоната. Кога ќе излеземе од проблемите и исправиме високо ќе дојдат уште подобри резултати. Можевме на дуелот со Лабуништа да стигнеме и до целиот плен со оглед на шансите, но и вака сум задоволен бидејќи екипата направи чекор напред.
Пепи Џигероски (Лабуништа) – Првенствениот дуел е сосема различна приказна од Куп натпреварот. Тоа се виде на теренот и во желбата на момците од двете екипи. Дербито ги оправда очекувата. Се играше цврсто на средината на теренот а и двата тима има свои прилики за погодок. Ние се соочивме со низа повреди после мечот во Купот. Два три играчи воопшто не беа во комбинација, а тие што конкурираа не беа максимално подготвени и свесни бевме но моравме да одиграме. Кога ќе се сумира се ние сме задоволни од бодот во Охрид.
Ромео Кочоски (Охрид) – Влеговме агресивно како што се договоривме пред натпреварот. Ги посакувавме трите бодови и се боревме за нив. Повторно во клучни мигови кога треба да постигнеме гол среќата ни го врти грбот но овој пат не` не казни противникот. Сигурен сум дека фортуната ќе дојде и ќе почнеме да бележиме резултати какви што посакуваме и очекуваме.
Антонио Каланоски (Лабуништа) – Искрено да кажам екипата на Охрид не заслужува да биде на последното место и со еден освоен бод. Охридските фудбалери одиграа феноменално се бореа за секоја топка и јас сум импресиониран од нивната желба за надигрување. Ние продолжуваме понатаму бидејќи нашите цели се високи и уште во следната рунда против Гостивар одиме на победа.
Мх.П.