Кремљ е „загрижен“ за Шишимарин и „ќе бара начини да му помогне“, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
Ова е прва официјална реакција на Москва откако 21-годишниот руски војник Вадим Шишимарин денеска беше осуден на доживотен затвор во Киев за убиства на цивили во Украина.
Секако дека сме загрижени за судбината на нашиот граѓанин. Немаме многу можности да ги заштитиме неговите интереси. Но, тоа не значи дека нема да ја разгледаме можноста да му помогнеме преку други канали, рече Песков, без да објасни на какви „други канали“ мисли.
OhridNews