На 2 февруари се навршуваат 38 години од смртта на Д-р Хелена Етингер Каваева, личност која оставила длабоки траги во колективната меморија на oхриѓани. По тој повод, членовите на Лајонс клубот Лихнидос испратија барање до градските власти во Охрид, една улица, или здравствен дом во градот, да го понесат нејзиното име.
Барањето содржи предлог оваа идеја да биде реализирана до датумот на нејзиното раѓање (Хелена Етингер е родена на 16 март 1893 година во Честнохова, Полска), со поставување на пригодна спомен – плоча на влезот од зградата “Маларична”.
Д-р Каваева, заедно со сопругот, Д-р Владимир Кавај, се основоположници на Македонскиот здравствен систем. Нејзиното име и дела се поврзуваат со многу спасени животи, со многу излечени деца во првиот детски диспанзер во Охрид, но и со искоренување на маларијата во Охрид, Струга, низ цела Македонија, но и во Албанија.
По серија натписи на OhridNews, советот на град на Охрид во 2014 година донесе одлука охридскиот Здравствен дом, таканаречената „Маларична“ во иднина да се вика „Д-р Елена Каваева“. Исто така, тогаш, Советот донесе и одлука со која старателството за одржување на нејзиното вечно почивалиште на градските гробишта, да го преземе општина Охрид.
OhridNews