Ојде летово. Ојдоа и живциве. Не за друго…..Криво ми е кога за нишо не криват нас охриѓаниве. Сакаш на секој да му погодиш, а тие….

„Ејјјјјј. Алооооо. Кај паркираш море слепец еден. Ќор си дека тука го тресам чаршавов од ручек? После ќе јајш трици, охриѓани ги мрзат скопјани и намерно ги….Кај ќе ја истресам пепељарава, сељак еден“. „Знам бе дечки, ама кај да паркирам коа на секаде згради сте…….“. „ Кому бре ти дечки. Ќор си дека сум сум сам, дечко ќе речиш. И нема ама!! Од Скопје дојде да ми кажвиш кај сме кренале згради или да се капиш по плажине. А заинет од вас скопјани, ќе крениме згради и на сред плоштат, па да ве видам кај ќе пиете кафе, за посрани 80 денари. Море за вас, не 80, 180 денари едно кафе ќе го напрајме.“  Вошкар еден.

Збеснав.Немал кај да паркират? Јас немам кај да паркирам, граѓанин на Охрид, ( иначе в центар живеам, ама позади општинава,  кај овие ископаниве улици ) не нему ќе му се мислам кај да……И после цела Македонија сме ја мрзеле? И скопјани и битолчани и …как да не….Евааааааааа види го..види го…

„ Еј, батеееее. Битола така  фрлате ѓубре во контењерине? Те познав аку на џипот имаш скопска регистрација и на носот црни наочари!“-„Извините, го видов контењеро и…….“. „Шо бре и. Шо ииии…???? Јас ќе му плаќам на Боро а ти дојден од……Еј, ало, чкембааар, тебе ти зборвам. Глуфтаааааар. Не прај се дек не слушаш. Со арно ти велам, со убо, културно, ојјјјјјјјјј ашлак еден. Волуууу.“ Ете ти сега. Ти културно му кажвиш а тој се прајт на удрен и после охриѓани не чинат.

„Комши можит од твојот да им ѕвонам Прилеп, само че им  кажам дека стигнав, зошто мојов го исклучиле и…..“. „ Слушај, ме заболе мојов за твојот, а ме заболе и за мојов з,ш како тргна со ова импулсиве и мојов ќе ојт јабана, ќе ми го штрацнет. Ќе требит од шољана да ти……“. „ Добро утро, комшивке. Стигнавте?“. „Да комши, стигнавме….Малку на крај ама…“. Море да дајт господ  до утре патлиџаните да  не ти стигнет  шо ги теглиш дур од Велес. Дан ви залетвет овие нашиве. И како да не се нервирам. Ќе се искинам. Е ова смрдлава шо дојде сега од Велес имат приватна фирма, вошкосана е  од пари,  а многу и биле 70 денари за кило охридски најубав патлиџан. Јас незнам шо да се прајт.  Ти гледаш да им погодиш и пак  охриѓани не чинат.

Убо рече Бучко, некој си ја имат мувата на капата и сега…….Го слушна. Сме кренале згради……А бе да ти пукнит од женати жилана. А за нив то го напрајвме. Едно време се жалеа дека ветар многу дувало во градов. Ам ветар ти го зел умот, ете кренавме дестина згради во центар, сега  ни лист не мрдат, ние охриѓани се удајвме од горештини и то заради нив, а тој немал кај да паркират. Сега ако немаш кај да паркираш, никош. Абре све шо беше улица, двор, ходник, кенев, дневна,  паркинг  го напрајвеме и то со пари. Е в спална да те пуштам да…..Слушај, бар ова година никој немат право да се жалит.

Ја слушам она холанѓанкана пред некој ден кај Ацета в кабинет му велит све било убо само немало јавни клозети. Ам ви ги намаливме пивава од 95 на 90 денари, кафанџиве скоро без ќар работет, а вие  пијте ко сунѓери, па мочајте ко коњи и клозети ви фалет. Малку грмушки имат? Ам со такво локање, катетри да ви клајме бадијала е. После ќе ви сметат навреме ако не ви ги менвиме. Абре господ да чуват и да бранит и голман да станит. И после охриѓани не чинат.

Денес глеаме, со Дачкана бевме на плажа Астор, на една бабетина и сметало ѓубрето, расфрлано било насекаде и не го кревале. Ам фрлај ти кај ќе ти текнит и ќе ти сметат нормално. Нас охриѓани не ни останвит ѓубре? И дан го јајме. Не го јајме, ама не го фрламе кај ќе ни текнит ко тебе. Мало ти е езероно? А? Имат место и за капење и за ѓубре и ко чоек помочај се в натре, ни лук јал ни лук мирисал, саде се жолтосал. Ам така де.  Абре улицине им ги напрајвме ичсмерни, раскрснициве ко циркус ги исфарбавме  да имат малку шаренило, да би шарки им влегле во кампојне во Љубаништа, од тревиштено шо…..Е дур сме кај тревиштено, знајш з,ш е то остаено. Пак за нив. Нив да не им сметаме, на туристине. Тие ко ќе одет в клозет ние во тревана се тотолиме, да не се прајт гужва. Е оди ти во тревиштана, жарни го тро газот на коприне па да видиш како ќе тие. И после охриѓани не чинат?

Ја слушам една:„ Ваа продавачката наместо со хартија, со рака ми го подаде лебот.“ Ам ај со нога да ти го дајт, ебате бела. Друго. Ај жити леб, нека кажит некој, ова година сме му скршиле некому шофершајбна, сме му украле, раткапна, ретровизор? Сме му рушиле гума без причина. А? Еден нека кажит дека дошол да си влезит в кола и нека речит дека сме му се помочале на кваката, ко лани.  Е сега се оградвам од изолирани групи на поединци. Лелеее. Ам најбитното! Јосета кој го донесе во антички, кој го натера онака да се дерит ко од ровја мавнат? А? Кој му ја искрши кичмата осум пати? Ние, охриѓани. Тој тргни, ние шлашкај, ко на Тито во времето, врати го назад. Тој пак тргни, кутриот, да не речам, можда понужда му се одеше, ние, охриѓани,  врати го со шлашкање. Додуша и Бранко со нас шлашкаше, ама и тој е наш. Охриѓанец.  Е сега рака нанога,од Слатино е, ама го третираме ко наш да си е. Аку…Не така? А? Убо велам? И сега? Пак охриѓани не чинат? Еден, само еден факт дај ми во спротивен смисол и ти скинвам капа и то со си мува и јавно ќе речам: „Е навистина охриѓани не чинат.“

ЏИМИ
[email protected]
( Колумнава е тро ретро односно реобјавена по барање на читателите)